|
Индиско-Македонски Билатерални Односи
Од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година, односите помеѓу Индија и Македонија продолжија да се подобруваат. Индија беше една од 40те коспонзори на Одлуката на УНГА за прием на Република Македонија. Преку размена на писма на ниво на Постојани Претставници на двете земји до ОН во Њујорк, Индија воспостави дипломатски и конзуларни односи со Република Македонија на 9 февруари, 1995 година.
Во 2006 година, индискиот бизнисмен Г-дин. Лачман Дас Миттал во Њу Делхи беше назначен како Почесен Генерален Конзул на Македонија во Индија. Во октомври 2008 година, Република Македонија отвори своја амбасада во Њу Делхи. Владата на Индија исто така отвори свој Почесен Конзулат во Македонија во 2008 година, чија формална инаугурација се одржа во декември 2008 година.
Македонскиот Министер за Надворешни Работи Неговата Екселенција Антонио Милошоски беше во официјална посета на Њу Делхи од 19-23 Јануари 2009 година, која беше прва посета од високо ниво од двете страни. Тој се сретна со Индискиот Министер за Надворешни Работи Пранаб Мукхерјее. Тој исто така ја посети Колката и меморијалниот дом на Мајка Тереза, каде беше поставена комеморативна плоча како знак на благодарност во име на македонските граѓани. Тој се сретна и со министерот за Финансии на Западен Бенгал и Градоначалникот на Колката. Министерот Милошоски и официјално ја отвори Македонската Амбасада во Њу Делхи. За време на неговата посета беше потпишана и спогодба за укинување на визниот режим во однос на иматели на дипломатски пасоши на двете земји.
Значајни Билатерални Спогодби и Договори
1. Договор за визно ослободување за иматели на дипломатски и службени пасоши, потпишан во јануари 2009 година.
2. Договор за Промоција и Заштита на Билатерални Инвестиции , кој стапи на сила во октомври 2008 година.
Договор за Економска Соработка, Договор за Избегнување на Двојно Оданочување , Договор за Културна Соработка, Договор во полето на Културата и Спортот, Договор за Соработка во Царинската служба и Меморандум за Разбирање помеѓу Институтот за Надворешни Работи , Њу Делхи и Македонскиот Дипломатски Институт се во разни фази на обработка.
Билатерални Посети:
- Делегација во состав од 25 спортисти и службени лица предложени од Министерството за Одбрана на Република Македонија учествуваа во 4-тото издание на Светските Војнички Игри одржани во Хидерабад, Индија од 21 октомври 2007 година.
- Четиричлена македонска делегација предводена од Г-дин. Васко Грков, Советник за Билатерални Односи со неевропските земји ја посети Индија од 25-28 септември 2007 година. Г-дин. Грков се сретна со Г-дин. В. Ашок, Заеднички Секретар (СЕ) во Министерството за Надворешни Работи со кој дискутираа по разни прашања во врска со билатералните односи помеѓу двете земји. Г-дин. Грков се сретна и со Др. Рахул Куллар, Дополнителен Секретар во Министерството за Трговија и со Г-ѓа. Анита Капур, Заеднички Секретар на Управата за Приходи , Централниот Одбор за Директни Даноци. За време на посетата, во Индија беше формирана и Групата за Индиско-Македонско Пријателство која се состои од еминентни личности.
- Познатиот индиски поет Г-дин. К.Н. Дарувала учествуваше на Струшките Вечери на Поезијата во август 2007 година во Струга, Македонија.
- Тричлена делегација предводена од Шри К.Ц. Синг, АС(ИО) вклучувајќи го Амбасадорот Лал Динглиана и Шри В. Ашок, ЈС(ЦЕ) ја посети Македонија во врска со Консултациите на ниво на Министерствата за Надворешни Работи (ФОЦ) помеѓу Министерствата за Надворешни Работи на Република Македонија и Република Индија во текот на јули 16-17, 2007 година. Македонската страна беше предводена од Неговата Екселенција Г-дин. Игор Илиевски, Државен Секретар во Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија. Билатералните прашања за соработка вклучително зајакнување на соработката во полето на економијата, трговијата и привлекување нови инвестиции од Индија во Република Македонија; предмет на дискусија беа и можностите за финализација на правната рамка и за потпишување економски договори помеѓу двете земји; размена на мислења по меѓународни и регионални прашања , вклучително приоритети на странски политики и ситуации во непосредното опкружување на двете земји. Делегацијата предводена од Неговата Екселенција Г-дин. Иво Ивановски , Министер за Информатичко Општество дискутираше за промоцијата на соработката во полето на информатичките технологии.
- Македонскиот спортист Г-дин. Емил Илиќ се сретна со Градоначалникот на Колката Шри Бикаш Батачарија на 31 мај 2007 година да му биде доделена наградата Мајка Тереза за 2007 година како и плакета од Претседателот на Собранието на Република Македонија Љубиша Георгиевски.
- Проф. Светомир Шкариќ и Г-ѓа. Олга Шкариќ од Правниот Факултет на Скопскиот Универзитет , учествуваа на Конференцијата за Мир, Спречување на Насилството и Еманципација – филозофијата на Ганди во 21 век од 29-30 јануари, 2007 година во Њу Делхи организирана по повод прославата на Стогодишницата на Сатијаграха.
- Тричлена делегација составена од еден член од секое Министерство за Надворешни Работи и Министерството за Правни Работи предводена од Шри Дипак Куман Синг, Заменик Секретар (Инвестиции), Министерството за Економија, Министерството за Финансии одржа преговори за финализација на Договорот за Промоција и Заштита на Билатералните Инвестиции (BIPPA) во Скопје на 8 јуни. Подоцна двете страни ги ставија своите иницијали на експертско ниво на Договорот за Промоција и Заштита на Билатералните Инвестиции.
- На 22 септември 2005 година на маргините на 60-тото Генерално Собрание на Обединетите Нации, македонската Министерка за Надворешни Работи Илинка Митрева се сретна со поранешниот Министер за Надворешни Работи Шри Натвар Синг.
- Делегација на македонското Министерство за Надворешни Работи составена од Државниот Секретар Емил Киријас и Г-ѓица Богатинова Костовска Џулија, Државен Советник ја посети Индија на 6 април 2005 година која дискутираше за билатерални прашања со постари службени лица на Министерството за Надворешни Работи на Индија.
- Македонскиот Заменик Министер за Надворешни Работи Фауд Хасановиќ го потпиша Протоколот за Консултации на ниво на Министерствата за Надворешни Работи на Македонија и Индија на 11 февруари 2004 година во Њу Делхи. Тоа беше првиот билатерален договор помеѓу Македонија и Индија.
- Македонска делегација предводена од Министерот без Ресор (задолжен за Религиозни Работи) Владо Наумовски ја посети Индија и присуствуваше на погребот на Мајка Тереза во 1997 година.
Трговски и Економски Односи:
Билатералната трговија помеѓу двете земји не е многу развиена и покрај пријателските и наклонетите односи помеѓу двете земји. Всушност, двете земји сеуште се трудат да си го откријат потенцијалот една на друга во однос на трговијата и економските односи. Македонија доби статус на земја кандидат за влез во Европската Унија во декември 2005 година. Земјата има право на бесцарински извоз во земји членки на Европската Унија и индиските производители/извозници , особено оние кое веќе имаат воспоставено присуство на нивните производи во земјите членки на Европската Унија , можат да ги основаат нивните индустриски капацитети во Македонија за извоз на нивните готови производи во земји членки на ЕУ.
Во 2004 година, Арчелор-Митал ја превзема македонската компанија „Балкан Стил“ купи државни акции, чиј износ е под 30 % од сопственичката структура.
Индиско-Македонска Трговија:
Согласно трговската статистика издадена од страна на Трговската комора на Македонија во текот на последните пет години (според податоците дадени подолу), има трговски вишок во корист на Индија:
|
2001 |
2002 |
2003 |
2004 |
2005 |
2006 |
2007 |
2008 |
| Увоз на Индија од Македонија |
14 |
50 |
200 |
108 |
108 |
216 |
602 |
868 |
| Извоз на Индија во Македонија |
4001 |
3953 |
4348 |
6997 |
7041 |
14,589 |
23,472 |
39,956 |
| Вкупно билатералнa трговија |
4015 |
4003 |
4548 |
7105 |
7149 |
14,805 |
24,074 |
40,824 |
Главни Индиски Извози во Македонија:
бакарни производи; производи од цинк (без легури); земјоделски трактори и трактори за шумарството; маслени семиња и маслени плодови; кафе; фармацевтски производи особено антибиотици; други возила; феро-силико-манган; неоргански хемикалии и др. (по приоритет)
Главни Македонски Извози во Индија:
Фероникел; Мермер, травертин и алабастер; делови од железнички и трамвајски локомотиви или возен парк, кочници и делови и др; дихтунзи и слични лимени спојки; стока за понатамошна обработка; предмети од вулканизирана гума за техничка примена, за употреба во цивилното воздухопловство; печатени шеми и др. (по приоритет).
Соработка според ITEC и PCDF програмите:
Македонските државјани користат стипендии од ITEC (Индиска Техничка и Економска Соработка) за да посетат обуки во разни институти во Индија според ITEC програмата на Министерството за Надворешни Работи на Индија. Во 2007-08, сите пет назначени места беа искористени од македонски државјани. Македонски државјани ги посетуваа и Професионалните Курсеви за Странски Дипломати (PCFD) во организација на Институтот за надворешни Работи, Њу Делхи според MEA.
Култура
Фестивал на индиски играни филмови беше одржан во Скопје од 30 мај до 3 јуни 2005 година во Музејот на Современа Уметност. Беа прикажани пет класични бенгалски филмови на Сатиајит Реј како и на Патер Панчали, Апарајито, Чаре-Баире, Ганашатру и Агантук. Фестивалот беше организиран од Музејот за Современа Уметност додека касетите во VHS формат беа испратени од Одделот за Публицитет во Странство.
Има голем потенцијал за културна размена помеѓу двете земји. Меѓународниот Натпревар по Цртање на Шанкар е многу познат во Скопје и македонските деца редовно учествуваат на овој натпревар. Индиските поети исто така имаат учествувано на Фестивалот на Струшките Вечери на Поезијата кој се одржува секоја година во последната недела од месец август.
Авионски врски со Индија:
Нема директни авионски линии помеѓу било кој град во Индија и Македонија. Сепак, индиректните авионски врски се преку Амстердам, Виена, Будимпешта, Софија и др.
Контакт информации за Почесниот Конзул на Индија во Република Македонија:
Г-дин. Крсте Исиров
Ул. 8 бб, Визбегово
1000 Скопје
Поштенски фах 759
Тел: 00-389-2-2603 603
Факс : 00-389-2-2603 646
E-mail: krste.isirov@indianconsulate.org.mk
maja.kamceva@indianconsulate.org.mk
info@indianconsulate.org.mk
Контакт информации за Почесниот Конзул на Македонија во Република Индија:
Амбасада на Република Македонија во Индија
"Svelte Personal suites", Suite 505
A-3 District Center, Saket
New Delhi-110017
Email : india@investinmacedonia.com
Telephone :(91) 11-40512000
|