|
Македонскиот Министер за Надворешни Работи Неговата Екселенција Антонио Милошоски беше во официјална посета на Њу Делхи (January 19-23, 2009)
Македонскиот Министер за Надворешни Работи Неговата Екселенција Антонио Милошоски беше во официјална посета на Њу Делхи од 19-23 Јануари 2009 година, која беше прва посета од високо ниво од двете страни. Тој се сретна со Индискиот Министер за Надворешни Работи Мукхерјее, Спикер на Лок Сабха Сомнатх Чхатерјее. Тој исто така ја посети Колката и меморијалниот дом на Мајка Тереза, каде беше поставена комеморативна плоча како знак на благодарност во име на македонските граѓани. Тој се сретна и со министерот за Финансии на Западен Бенгал и Градоначалникот на Колката. Министерот Милошоски и официјално ја отвори Македонската Амбасада во Њу Делхи. За време на неговата посета беше потпишана и спогодба за укинување на визниот режим во однос на иматели на дипломатски пасоши на двете земји.
|